Услови

Услови за користење на услугите на eHost.mk


Со користење на услугите овозможени од страна на ВЕБ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст како “Ехост”), вие без ограничувања се согласувате со сите услови и правила наведени во понатамошниот текст. Условите ги истакнуваат вашите права, обврски и ограничувања.

1. Ехост има право без никакви предходни известувања да ограничи, блокира или исклучи услуга на корисниците доколку ги прекршуваат условите за користење на Ехост или пак постоечките закони.

2. Вашите лични податоци нема да бидат злоупотребени или дадени на неовластени трети лица. Доколку за корисник на услугите на Ехост се води постапка кај Надлежен орган, Ехост го задржува правото на барање од Надлежен орган да ги достави сите информации кои ги поседува за дадениот корисник, но само доколку се утврди дека тоа ќе помогне во постапката која се води од страна на надлежните органи. Во никој случај, Ехост не треба да се смета за одговорен за горе-наведеното.

3. Вие како корисник на Ехост услугите се согласувате и обврзувате дека нема да поставувате или дистрибуирате нелегална содржина или податоци, вклучувајќи, но не ограничено на било каков материјал кој нарушува авторски или останати права, порнографска содржина која ги прегршува постоечките закони, и др.

4. При поставување на податоци/содржини преку користење на услугите на Ехост, вие сте обврзани да ги земете во обзир локалните, државните и интернационалните закони, и истите да ги почитувате. Вие сте одговорни за податоците/содржините кои се поставени по ваша вина односно од ваша страна на серверите на Ехост и во никој случај Ехост не превзема одговорност за истите. Ваша должност е да ги проверите податоците/содржините пред да ги поставите на сервери на Ехост.

5. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите на Ехост за СПАМ-ирање, вклучувајќи, но не ограничено на масовно праќање на маил.

6. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање и дистрибуција на софтвер кој може да доведе до софтверски или хардверски грешки, да ја намали брзината на работење на серверот, или да ја загрози сигурноста на другите корисници или серверот.

7. Вие се согласувате дека нема да користите премногу ресорси (вклучувајќи, но не ограничено на процесор, меморија, конекции кон база и др.) и нема да предизвикате пречки во користењето на услугите на другите корисници на истиот сервер

8. Вие се согласувате дека ќе внесете односно доставите ваши валидни и точни информации при нарачка на која било од услугите на Ехост, при комуникација со Ехост и слично.

9. Вие како корисник на услугите на Ехост, должни сте вашето корисничко име и лозинка да не ги доверувате на трети лица.

10. Вие како корисник на услугите на Ехост, се согласувате дека за било какви проблеми, неспогодби, недоразбирања или непријатности кои можат да произлезат од користењето на услугите, во никој случај Ехост не е одговорен.

11. Ехост не превзема никаква одговорност за било каква штета настаната во вашиот бизнис поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите.

12. Техничката поддршка се однесува на техничкиот аспект на услугите, односно правилно работење на услугите овозможени од Ехост. Доколку вие како клиент на Ехост не ги користите правилно, Ехост не е должен да ви помогне. Доставувањето на техничката поддршка е самоиницијативно од страна на Ехост и Ехост не е должен истата да ја доставува 24 часа во денот.

13. Ехост се грижи за безбедноста и заштитата на серверите, но не и за вашите сајтови. Вие сте должни сами да ги одржувате сајтовите кои ги имате поставено на серверите на Ехост. Во случај на хакерски напад на вашиот сајт вие сте должни да го отстраните проблемот во најкус можен рок, најдоцна за 24 часа откако е настанат. Ехост се оградува од било каква одговорност или пак решавање на вашиот проблем и има право да го ограничи односно блокира вашиот пристап кон услугите доколку проблемот не го решите навремено.

14. Ехост вложува секакви напори да го задржи квалтиетот на сите услуги, но затоа што многу околности не се под контрола на Ехост, Ехост на никој начин не гарантира достапност до серверите и не е одговара за недостапност или губиток на податоци, спора конекција и други проблеми кои не зависат од Ехост.

15. Наведената мрежна стабилност на пакетите/услугите се однесува на достапноста на серверот до излезните рутери во мрежата на дата центарот каде што е физички сместен серверот. Ехост не превзема никаква одговорност доколку клиентот нема пристап до услугата.

16. Ехост не превзема одговорност и во никој случај не е одговорен да врати изгубени податоци. Доколку backup опцијата е активирана, и клиентот има постоечки backup архиви, Ехост може да ги поврати податоците/информациите кои се во зададената backup архива само доколку се уплатат 2190 денари за услугата “Враќање податоци од Backup архива”. Ехост не превзема одговорност доколку вратените податоци/информации не се оние кои клиентот ги очекува и уплатените средства не се враќаат во никој случај.

17. Регистрацијата на македонски домени (.mk или .com.mk) може да трае и до 10 работни дена по извршената уплата, односно денот на избор на нов слободен домен. Доколку доменот не биде регистриран во овој рок, Ехост е должен да ги врати уплатените средства за регистрација на доменот на клиентот.

Ехост не ја гарантира валидноста на одредено домен име. Доколку од било која причина на денот на регистрација на името тоа не е слободно, Ехост не превзема одговорност и го информира клиентот дека соодветниот домен не е слободен за регистрација. Клиентот може да одбере друг домен или пак да му бидат вратени уплатените средства (невклучувајќи ги трансакциските трошоци).

Ехост не се смета за одговорен доколку поради технички или друг тип на проблеми со Македонскиот регистар е оневозможена функционалноста на македонските домени.

Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл. Називот на доменот не смее ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.

Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот (кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки), Ехост не се смета за одговорен према засегнатите страни во спорот, туку ги упатува на решавање на спорот.

Доколку името на доменот го прекршува правилникот за организација и управување со врвниот македонски .МК домен или постоечките закони, Ехост како регистрант може да одбие регистрација на домен или комплетно да го избрише доменот од регистарот.

Како регистрант на .mk домените регистрирани преку Ехост, во Македонскиот регистрар фигурира ВЕБ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ. По барање на клиентот може да се направи промена на регистрант на доменот. За ова е потребно да се подготви "Барање за промена на регистрант на домен" кое клиентот треба да го достави во регистрар по негов избор. Услугата се наплаќа по дополнително дефинирана тарифа и вклучува пополнување на барањето и праќање на истото по пошта до клиентот.

18. Во случај на било каков спор поврзан со домен, одговорноста ја сноси клиентот кој го нарачал доменот, и во никој случај Ехост не превзема одговорност.

19. Ехост се оградува од било каква одговорност пред надлежните органи за било каков спор поврзан со било која од услугите на Ехост вклучувајќи, но не ограничено на користење на веб хостинг, интернационални и македонски домени и друго нарачана или користена од клиент на Ехост и одговорноста ја сноси клиентот.

20. Ехост самоиницијативно ќе ги известува клиентите за истекот на услугите, но не е должен да го направи истото. Клиентите се должни да направат уплата пред истекот на услугата. Во спротивно Ехост не е одговорен доколку услугата со поминат рок е оневозможена или недостапна.

21. Ехост во никој случај нема да направи повраток на средства за активна услуга.

Ехост го задржува правото да ги промени условите на користење, цените на услугите и услугите, без предходно известување. Корисниците на услугите на Ехост се должни да ги прифатат новодоставените услови, без никакви ограничувања. Во никој случај, Ехост нема да биде одговорен за несаканите проблеми настанати од предходно наведеното.